Ѝ купувал „Rolex“ на љубовницата, додека сопругата и децата немале што да јадат: Заврши најскандалозниот развод во Холивуд

Точка

04/08/2026

20:00

1.374

Големина на фонт

а а а

Долготрајниот и скандалозен развод на актерите Јоан Грифид и Алис Еванс конечно е завршен пред судот во Лос Анџелес. Иако судијата донесе одлука да ја продолжи забраната за приближување против Алис за уште пет години поради континуирано вознемирување и насилство врз Јоан и неговата нова сопруга Бјанка Волас, во финансискиот дел од пресудата победа извојува неговата поранешна сопруга.

Финансиски детали и алиментација

Ѕвездата на филмот „Fantastic Four“ ќе мора да ѝ исплаќа на Алис 10 отсто од своите бруто-приходи, односно 1.862 долари месечно, во согласност со предбрачниот договор што го потпишале пред нивниот 14-годишен брак.


Покрај тоа, Грифид продолжува да плаќа 3.579 долари месечно за издршка на ќерките Ела и Елси, кои целосно живеат со мајката во Енсино. Судијата утврди дека Јоан преплатил алиментација во износ од 27.000 долари, отфрлајќи го неговото тврдење дека станува збор за сума од 400.000 долари, додека износот од 168.000 долари од приватната сметка ѝ припаднал на Алис, со укор бидејќи не го пријавила навреме пред судот.


Пресуда и обвинувања за малтретирање

Јоан Грифид побара да не плаќа никаква издршка на поранешната сопруга поради психичка тортура и обемна кампања на вознемирување преку социјалните мрежи. Судијата Мајкл Џ. Конвеј потврди дека Алис извршила семејно насилство кое негативно влијаело врз психичката состојба и кариерата на Јоан. Сепак, судијата нагласи дека, иако изгледа неправедно Алис да има финансиска корист по таквото однесување, предбрачниот договор и семејниот закон ја штитат бидејќи нејзините постапки не довеле до кривична пресуда.


Одбраната на Алис Еванс истакна дека нејзините испади започнале за време на изолацијата во пандемијата, кога дознала за неговата врска со Бјанка Волас. Нејзиниот адвокат нагласи дека Алис го избришала својот профил на Твитер, започнала терапија и престанала да испраќа заканувачки пораки, додавајќи дека сега само сака мирно да продолжи со својот живот.

Да потсетиме, парот се раздели пред пет години, а Јоан во меѓувреме се сврши со својата нова партнерка. Информациите што излегуваа во јавноста беа, благо кажано, скандалозни. Неговата поранешна сопруга на социјалните мрежи во живо го „пренесуваше разводот“ – во првата објава им напиша на следбениците дека актерот ги оставил неа и нивните ќерки, потоа дека три години ја изневерувал со сегашната свршеница, а на крајот и дека „три години не плаќал алиментација“.


Во текот на 14-годишниот брак, Алис Еванс, по инсистирање на Јоан Грифид, ја запоставила својата актерска кариера за да остане дома и да се посвети на воспитувањето на децата. Меѓутоа, откако актерот ја оставил поради значително помладата колешка Бјанка Волас, следувала горчлива финансиска битка.

Јоан пред судот тврдеше дека нема приходи и одбиваше да го плаќа целосниот износ на алиментацијата, поради што Алис се нашла во тешка материјална состојба. Принудена сама да се снаоѓа додека се грижела за ќерките, актерката на крајот морала да ја продаде семејната куќа на Беверли Хилс и да се пресели во поскромна населба.