Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

Макфакс

31/07/2026

13:00

256

Големина на фонт

а а а

Венко Филипче од СДСМ најави дека партијата ќе поднесе интерпелација за министерот Иван Стоилковиќ поради неговото насилничко однесување и закани, како и за претседателот на Собранието Африм Гаши, со цел заштита на достоинството на Собранието.

На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација.

-Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација за Стоилковиќ, штом почне Собранието со работа, во септември, рече Филипче.

Тој посочи дека однесувањето на Стоилковиќ е недозволиво и дека во демократски институции нема место за насилство и закани.

- Собранието воопшто не се почитува, ниту пак ја врши функцијата така како што треба, рече Филипче.

Најавиме и ќе ја поднесеме и интрепелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш кога ќе почне со работа Собранието.

СДСМ ќе продолжи со сите демократски и парламентарни механизми за заштита на достоинството на Собранието и за обезбедување одговорност од носителите на јавни функции, велат од партијата.