Европската економија се соочува со нов бран неизвесност по потегот на една од водечките светски сили, кој би можел да предизвика верижна реакција во индустријата и енергетскиот сектор.
Иако кризата не се случува преку ноќ, експертите предупредуваат дека последиците од оваа одлука би можеле да се почувствуваат низ целиот континент, од производството до пазарот на труд.
Индустријата веќе покажува знаци на пукање
Во последните месеци, европската индустрија е под силен притисок, пред сè поради високите трошоци за енергија и намалената конкурентност.
Според анализите, одредени сектори бележат пад на производството и затворање на погони, додека сè поголем број компании се соочуваат со ризик од банкрот. Најмногу се погодени енергетски интензивните гранки, како хемиската индустрија, челичната индустрија и производството на материјали, каде што растот на трошоците директно влијае врз профитабилноста, пишува „Euronews“.

„Домино ефект“ врз економијата
Одлуката на големата сила дополнително ја усложнува ситуацијата бидејќи влијае врз глобалните пазари, особено врз енергенсите и финансиите.
Европа денес е значително повеќе поврзана со меѓународните текови на капитал отколку порано, па секое нарушување може брзо да се прелее врз целиот систем.
Тоа значи дека проблемите во една област можат да предизвикаат:
• пад на инвестициите
• раст на цените
• намалување на производството
• губење на работни места

Пазарите веќе реагираат
Финансиските пазари во Европа веќе покажуваат знаци на нервоза. Во претходниот период беше забележан пад на клучните берзански индекси, додека инвеститорите сè повнимателно ги проценуваат ризиците.
Дополнителен проблем претставува неизвесноста околу понатамошниот развој на глобалните конфликти и енергетските текови, што дополнително ја оптоварува европската економија.
Следува ли посериозен колапс?
Иако често се користи драматична реторика, експертите нагласуваат дека моменталната ситуација сè уште не значи целосен колапс, туку пред сè длабока трансформација на пазарот.
Германија, како најголемата економија во Европа, веќе ги чувствува последиците. Индустриското производство забавува, а компаниите сè почесто бараат начини да ги намалат трошоците и да ја задржат конкурентноста. Еден од одговорите е промената на начинот на работа.
Сè повеќе компании експериментираат со пократка работна недела или флексибилни модели. Дури повеќе од 10% од компаниите веќе нудат четиридневна работна недела, обидувајќи се да ја зголемат продуктивноста и да ги намалат трошоците, пишува „DW“.
Истовремено, се води расправа и за работа во недела, што дополнително покажува колку се менува пазарот на труд под притисок на кризата.

Словенија веќе прави први конкретни чекори
Промените не се само во големите економии. Словенија отиде чекор понатаму и веќе воведува пофлексибилни модели на работа за одредени категории вработени. Според достапните податоци, постарите работници и оние со долг работен стаж можат да изберат:
• пократок работен ден
• слободен петок
• или продолжен викенд
Дали ова е почеток на поголеми промени?
Иако често се користи драматичниот израз „колапс“, реалноста е нешто поинаква: Европа се наоѓа во фаза на голема трансформација.
Индустријата се менува, пазарот на труд се приспособува, а навиките на вработените се развиваат. Она што е сигурно е дека моделот на работа што досега го познававме постепено заминува во минатото.















