[ФОТО] Ѕвездата на серијата од 90-тите ја покажа новата фигура: Тешко дека ќе ја препознаете

Точка

30/07/2026

18:13

528

Големина на фонт

а а а

Кемрин Менхајм, ѕвездата на серијата „The Practice“ (Правда за сите), ги изненади своите обожаватели со својата значително послаба фигура. Шеесет и петгодишната Менхајм насмеано им позирала на фотографите, а нејзината физичка трансформација брзо стана тема на социјалните мрежи.

„Изгледаш неверојатно!“, „Изгледаш одлично, Кемрин“ и „Изгледаш исто толку младешки како кога првпат те гледав на почетокот на 2000-тите. Прекрасна си и полна со живот“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Со години се залагала за прифаќање

Менхајм со години беше едно од најпрепознатливите лица на движењето „боди позитивити“ во Холивуд. Се прослави во деведесеттите години со улогата на Еленор Фрут во серијата „The Practice“, за која освои награди Еми и Златен глобус.


Нејзиниот говор при примањето на наградата Еми во 1998 година остана запаметен по зборовите: „Ова е за сите дебели девојки!“, а со тоа јасно покажа каков став застапува во филмската индустрија.


Подоцна, во интервју за Холивуд репортер, објасни дека сакала да им отвори врати на актерите и актерките со покрупна градба.


„Се истакнав затоа што бев гласна“, рекла таа. „Добивам улоги што не се одредени од мојата тежина, туку од мојата сила и карактер. Тоа сум јас. Мило ми е што денес тоа сè повеќе се препознава“, додала актерката


Сакала да го промени начинот на кој луѓето го доживуваат зборот „дебела“

Менхајм раскажала дека намерно го користела зборот „дебела“ за да ја отстрани стигмата што го следи.

„На луѓето тој збор им беше толку непријатен што секојпат кога ќе го изговорев, следеше расправа, а тоа знаеше да биде прилично исцрпувачко. Ми велеа: ’Не си дебела… ‘, а јас им одговарав: ’Да, дебела сум!‘“, се присетила таа.


„Имав чувство дека постојано се обидувам да ги едуцирам луѓето и да им помогнам да престанат тој збор да го доживуваат исклучиво како навреда. Сакав да му ја одземам негативната конотација“, објаснила Манхајм.

Исто така додала дека ја радува тоа што денес помладите актерки со покрупна градба имаат многу повеќе можности отколку што ги имала нејзината генерација.



„Ја сакав мојата работа, но не беше секогаш лесно. Неизмерно сум благодарна на помладите актерки кои ги менуваат работите во индустријата. Тие им покажуваат на младите дека можат да бидат успешни без разлика на изгледот и дека можат да се препознаат во она што го гледаат на екранот“, истакнала Менхајм.


И нејзината пријателка Рози О’Донел ослабела

Менхајм е позната и по улогите во сериите „Шепот на духовите“ (Ghost Whisperer), „Стамптаун“ и „Закон и ред“ („Law & Order“). Таа е блиска пријателка со комичарката Рози О’Донел, која исто така во последните години значително ослабела.


Рози отворено зборувала дека во слабеењето ѝ помогнал лекот Мунџаро, кој припаѓа на групата ГЛП-1 лекови. За списанието Пипл изјавила дека тој лек „ѝ го спасил животот“ откако во 2022 година ѝ бил дијагностициран дијабетес тип 2.


„Тоа е чудотворен лек“, рекла Рози и додала: „Најмногу ме изненади тоа што ја згасна постојаната потреба за храна. Со вишокот килограми се борам цел живот“.