Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, бил хоспитализиран, но лекарскиот тим успеал брзо да го реши проблемот, по што првиот човек на шпанскиот шампион со соопштение потврди дека се чувствува добро.
Лапорта објаснил дека имал проблем со аритмија и морал да побара лекарска помош, но неколку часа подоцна можел да потврди преку својот адвокат дека се е во ред со неговата здравствена состојба.
– Се заврши добро. Мојата аритмија е регулирана, срцето ми работи нормално, – порачал Лапорта, при што не заборавил да им се заблагодари на вработените во клиниката во Барселона.
Поради ваквата ситуација, Лапорта на совет на лекарскиот тим, сепак морал да го откаже патувањето во Англија, каде Барселона тренира во моментов, а во петок ќе одигра пријателски натпревар со Бирмингем.
Претходно, првиот човек на Барселона беше во САД каде следеше неколку натпревари на светското првенство, вклучувајќи го финалето меѓу Шпанија и Аргентина.







