Еве зошто сите сакаат да одат во Нов Зеланд: Хотелите се букирани две години однапред, луѓето ги очекува природен феномен

Точка

24/07/2026

07:24

936

Големина на фонт

а а а

Хотелите во новозеландскиот град Данидин веќе две години однапред покажуваат голем интерес поради целосното затемнување на сонцето што ќе се случи во 2028 година.

Ова е прв ваков настан видлив од областа по повеќе од 850 години.

Затемнувањето ќе се случи на 22 јули 2028 година во 16:17 часот по локално време, кога Месечината ќе помине пред сонцето и ќе фрли сенка широка околу 100 километри низ делови од јужен Нов Зеланд, објави „Гардијан“.


Зоната на целосен мрак ќе го опфати подрачјето од туристичкиот град Квинстаун на запад до Данидин на исток, каде што дневниот мрак ќе трае две минути и 51 секунда.

Иако до настанот остануваат уште две години, сместувачките капацитети веќе брзо се полнат.

Хотелот „Dunedin Leisure Lodge“ веќе ги распродаде сите аранжмани за затемнување на сонцето, кој вклучува бесплатни очила за гледање на феноменот.

Астрономот Иан Грифин, директор на музејот Тухура Отаго, изјавил дека последното целосно затемнување на сонцето видливо од Данедин било во 1163 година, пред луѓето да пристигнат во Нов Зеланд.

„Ние ќе бидеме првите луѓе во Данедин што некогаш ќе видат затемнување на сонцето од овој дел од светот, што е многу возбудливо“, изјавил Грифин.

Ова ќе биде и првото целосно затемнување на сонцето видливо било каде во Нов Зеланд од 1965 година.

Музејот во Данедин започнал двегодишно одбројување до настанот, за кој се очекува да биде голем туристички потфат за градот.

Проценките се дека околу 35.000 посетители ќе дојдат во градот со околу 130.000 жители.


Настанот ќе се одржи за време на новозеландската зима, веднаш по прославата на Матарики, Новата година на Маорите.

Матарики е името за ѕвезденото јато познато во други делови од светот како Плејади.

Данедин планира фестивал на ноќното небо кој ќе започне за време на Матарики и ќе трае до затемнувањето.

Градоначалничката на Данедин, Софи Баркер, рече дека возбудата околу настанот веќе се чувствува низ целиот град.