Американскиот патнички јутубер Кристијан Гроси, кој веќе некое време патува низ Балканот, наиде на глетка во Србија што целосно го изненади – простор за пушење во теретана. Тој ги сподели своите впечатоци за оваа необична навика, како и својот ентузијазам за локалната храна, во видео на „Тикток“.
Гроси вели дека додека посетувал неколку теретани, забележал необичен обичај. Некои од вежбачите излегувале на терасата помеѓу сериите, палеле цигара, а потоа се враќале на тренинг.
„Србија, те сакам, но не поради причините што ги очекуваш. Мислам дека терасата за пушење во вежбалница е најбалканската работа“, вели Американецот во видеото.
Тој бил особено изненаден од контрастот помеѓу интензивниот тренинг и пушењето.
„Не можам да поверувам дека можеш да трчаш шест километри и наместо да направиш пауза за вода, да направиш пауза за цигара“, се пошегувал.
Додал и дека забележал дека цигарите се речиси неопходен дел од секојдневниот живот на Балканот – од пиење кафе до, како што сега открил, дури и одење во вежбалница.
Терасата за пушење не беше единственото нешто што го изненадило. Тој бил особено импресиониран од локалната кујна и едно јадење го прогласил за најдобро што некогаш го пробал, иако во тоа време дури и не го знаеше неговото име.
Келнерот му препорачал бургер со кајмак и компири. Гроси се обидел да им објасни на своите придружници што јаде, споредувајќи го бургерот со ќебапи и опишувајќи го кајмакот како кремаст млечен намаз.
„Ова е најдобриот оброк што некогаш сум го пробал, а немам поим како се вика“, рекол јутјуберот.
Ентузијазмот за локалната храна беше толку голем што накратко почна да размислува за тоа како би било да се живее во Србија, но веднаш забележа една „маана“.
„Ако останев овде подолго, толку многу би се здебелил што не разбирам како луѓето во Србија не се сите дебели“, се пошегувал тој на крајот.










