Хески за ѕвездата на Ливерпул: Имаше пристојно Светско првенство, но…

Дерби

23/07/2026

13:27

314

Големина на фонт

а а а

Поранешниот англиски репрезентативец, Емил Хески верува дека Ливерпул треба да размисли за продажба на Коди Гакпо ако на нивна адреса стигне соодветна понуда во овој преоден рок.

Офанзивецот имаше лоша сезона во „црвените“, но потоа одигра квалитетно Светско првенство за Холандија и сосема очекувано тоа донесе доста прашања, коментари и реакции во јавноста.

Холанѓанецот е под договор до 2030 година и ако Ливерпул се одлучи за негова продажба можеби ова е најдоброто време за тоа.

- Би размислил за продажба на Коди доколку има пристојна понуда на маса. Кога доаѓаш како нов менаџер, мора без размислување да ги погледнеш своите средства. Тој е играч кој има значителна пазарна вредност од која би можеле да профитирате за да ја финансирате сопствената визија.

- Тој имаше доволно пристојно Светско првенство во однос на постигнувањето голови и создавањето шанси за Холандија, што го одржува неговиот профил висок. Но, на клупско ниво за Ливерпул, не изгледаше постојано добро за него. Значи, да, дефинитивно би требало да размислите за сериозна понуда, - смета Хески кој четири години го носеше дресот на клубот од „Енфилд Роуд“.