Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс (41) и неговата сопруга Уша Венс (40) соопштија дека добиле четврто дете, што е прв случај во повеќе од 150 години актуелен потпретседател на Соединетите Американски Држави да стане татко за време на својот мандат.
Момчето, кое е родено во неделата, го доби името Алек Нил Венс, а им се придружи на своите постари браќа и сестра – деветгодишниот Еван, шестгодишниот Вивек и четиригодишната Мирабел.

Венс веста за раѓањето на својот син ја објави на социјалните мрежи во заедничко соопштение што го потпиша заедно со својата сопруга.
„Со голема возбуда објавуваме дека нашиот син Алек Нил Венс се роди утрово. Уша и бебето се добро и здрави, а нашите деца се пресреќни што го запознаа својот помал брат“, се наведува во соопштението.

Брачниот пар им се заблагодари на лекарите и медицинскиот персонал од Националниот воен медицински центар „Волтер Рид“, како и на медицинскиот тим на Белата куќа.

Инаку Уша Венс е ќерка на индиски имигранти и е многу успешна адвокатка.