Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство во фудбал, а по тој повод носеше уникатен костим, креација на брендот „Roberto Cavalli“.
За оваа пригода носеше костим што го изработи креативниот директор на брендот, Фаусто Пуљизи. Костимот е изработен од 200.000 „Swarovski“ кристали, со принт инспириран од зајдисонце и детали за чија изработка биле потребни повеќе од две недели.

Костимот е дизајниран да блеска под светлата на стадионот и да ѝ го олесни движењето на Шакира за време на препознатливата кореографија додека ги ниша колковите.
Покрај костимот било изработено и здолниште во истите бои со реси. Целокупната креација е инспирирана од мотивот „Златни зраци“ на „Roberto Cavalli“.

Заедно со Шакира настапија уште 34 танчери, кои носеа усогласени костими. Покрај препознатливата пуштена коса, која го заокружи модното издание, Шакира избра и едноставна шминка.
Со енергичниот настап и кореографијата уште еднаш ја воодушеви публиката.






