Роналдо гледа изразит фаворит во мундијалското финале: Очекувам лесна победа

Дерби

19/07/2026

12:53

4.653

Големина на фонт

а а а

Шпанија и Аргентина не го одиграа „Финалисима“ натпреварот кој требаше да се одржи во Катар, но судбината посака да ги одмерат силите на уште поважна фудаблска сцена, односно во големото финале на Светско првенство.

Европската и јужноамериканската велесила вечерва ќе ги вкрстат копјата во големото финале кое се игра во Њу Џерси, а додека поголем дел од јавноста очекува неизвесен и тврд натпревар, Роналдо Назарио има сосема различни очекувања.

Легендарниот „Ил Феномено“ очекува доминантен натпревар и лесна победа од Шпанија, селекција која според него игра фудбал на друго ниво во овој момент.

– Очекувам победа на Шпанија и мислам дека тоа ќе го направи навистина лесно. Очекувам лесна победа во финалето. За мене Шпанија од прв ден беше главен фаворит заедно со Франција.

– Шпанија игра фудбал на поинаков начин, достигнуваат совршенство и тоа е дел од нивната ДНК. Играат на ова ниво со години наназад и имаа воспоствен систем кој го разбираат сите играчи, – потенцира Роналдо Назарио.