Мајкл Олисе беше главен креатор на играта на Франција на цел турнир, но иако воодушеви со низа потези и асистенции, ѕвездата на Баерн Минхен го заврши мундијалот без постигнат гол.
Олисе ја презема улогата на трагичар во „малото финале“ поради фактот што не реализираше две големи шанси за 4:4 во завршната фаза од мечот со Англија, па поради големото разочарување, Мајкл морал да биде тешен и од селекторот во соблекувалната.
Дешамп им откри на новинарите дека морал да го утеши својот фудбалер по натпреварот, за кого мала сатисфакција сепак ќе биде неверојатниот рекорд кој го собори.
🚨 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋: 𝐌𝐈𝐂𝐇𝐀𝐄𝐋 𝐎𝐋𝐈𝐒𝐄 𝐁𝐄𝐀𝐓𝐒 𝐏𝐄𝐋𝐄'𝐒 𝐀𝐒𝐒𝐈𝐒𝐓 𝐑𝐄𝐂𝐎𝐑𝐃 𝐀𝐍𝐃 𝐆𝐄𝐓𝐒 𝐇𝐈𝐒 𝟕𝐓𝐇 𝐀𝐒𝐒𝐈𝐒𝐓 𝐎𝐅 𝐓𝐇𝐈𝐒 𝐖𝐎𝐑𝐋𝐃 𝐂𝐔𝐏 🤯👏
— 433 (@433) July 18, 2026
Most assists in a single World Cup campaign:
🥇 Michael Olise 🇫🇷 - 7 🅰️ (2026)
🥈 Pelé 🇧🇷 - 6 🅰️… pic.twitter.com/QIjcgdaTe5
Легендарниот Пеле беше единствениот фудбалер кој запишал шест асистенции на еден мундијал и тоа се случи во далечната 1970-та година на турнирот во Мексико, но 56 години подоцна, се појави играч кој подели повеќе клучни додавања до свои соиграчи.
Олисе го почна натперварот со Англија со пет асистенции, но вчерашните две го направија најдобар асистент на еден мундијал во историјата на најважните турнири (седум).





