Тухел ги објасни своите чудни измени: После натпревар има милион тренери кои знаат сѐ

Дерби

16/07/2026

07:50

1.027

Големина на фонт

а а а

Англија беше на дофат на прво финале на Светските првенства за првпат после 1966-та година, но таквиот потфат остана недостижен поради шампионскиот карактер кој го прикажа Аргентина во самата завршница.

„Гордиот Албион“ поведе со голот на Гордон и се доби впечаток дека е селекција која е поблиску до мундијалскиот билет во финалето, но наместо да се доврши задачата, избраниците на Томас Тухел се одредија да го бранат водството и беа сурово казнети од агресивните и борбени Аргентинци.

Актуелниот шампион покажа победнички карактер и со два гола во завршница го нокаутираше омразениот ривал, па со оглед на тоа што Тухел направи и доста чудни измени пред да прими два погодоци, голем дел од одговорноста му се препишува и нему.

Германскиот стручњак експресно се соочија со доста критики во јавноста за извршените измени, особено поради тоа што Англија во еден момент играше со шест дефанзивци кога водеше со 1:0.

При минимално водство, Тухел од формација 4-4-2 се префрли на одбрана со пет играчи ставајќи го во поле и Конса, а потоа во игра го стави и О’Рајли на местото на Рајс.

Сето ова на крајот се покажа како погубно за германскиот стручњак, кој сосема очекувано, по поразот од 2:1 во полуфиналето мораше да дава и објаснување за своите потези.

– Разочарани сме. Бевме многу блиску, но откако постигнавме гол, станавме премногу пасивни и дозволивме премногу шанси. Не успеавме да ја преземеме контролата врз поседот на топката, а потоа дозволивме толку многу центаршутeви, шанси и шутeви кон голот. Бевме блиску, но по голот не успеавме да го одржиме истото ниво на игра од првите 60 минуту.

– На претходните натпревари воведував офанзивни фудбалери, но сега му требаше помош на тимот. Дозволивме шанси за ривалот веднаш откако поведовме, па решив да преминеме на одбрана со петмина за да се пополнат некои празнини. Тие го добија секој воздушен дуел и постојано ја додаваа топката, па затоа преминавме на бековска линија од петмина за да го затвориме просторот во средината и да бидеме посилни во воздухот.

– Веднаш по нашиот гол, пред да направам било какви замени, дозволивме премногу центаршутеви и премногу шанси, па затоа се обидовме да му помогнеме на тимот. Секако, одговорноста е на тренерот и, кога работите не завршуваат добро, лесно е да се каже дека одлуката била погрешна. За жал, не можевме да излеземе од нашата половина откако постигнавме гол. Секако дека сакавме да постигнеме втор гол, но не чувствував дека промените во нападот ќе ни помогнат. Не можевме да освоиме ниту една топка или да ја задржиме, па не мислам дека проблемот беше во системот. Не променивме ништо, но играта се промени целосно. Немам проблем со тоа што се зборува во јавноста, рабзирам дека ќе има многу дискусии. После натпревар има милион тренери кои знаат се, – иронично заврши Тухел.