Играчот кој блесна на СП ќе заврши на „Вила Парк“: Астон Вила му го „украде“ договореното засилување на Њукасл

Дерби

13/07/2026

11:42

174

Големина на фонт

а а а

Влеговме во завршницата седмица на Светското првенство, турнир по кој се очекува да имаме големо, сериозно раздвижување на трансфер пазарот.

И досега одредени клубови влечеа потези, но допрва да очекува да влеземе во фаза каде екипите ќе биде супер активни. Токму еден интересен трансфер е пред реализација и тоа на еден од играчите кој беше откритие на мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Станува збор за Жоан Манзамби кој беше најдобар играч на Швајцарците со 3 гола и 2 асистенции пред да се повреди, играч кој се очекуваше да заврши во Њукасл. Премиерлигашот се договори со Фрајбург околу цената, меѓутоа немаше добиено зелено светло од ссамиот фудбалер кој по се изгледа имал друг план.

Офанзивецот се сели во Астон Вила, клуб со кого ги договорил личните услови, а воедно испратена е понуда која е прифатлива за бундеслигашот. Се работи за сума над 60 милиони евра, Жоан пак ќе потпише повеќегодишен договор.

Тој има само 20 години и допрва се очекува да го видиме најдоброто од него.

Од друга страна Њукасл губи уште една битка во последен момент, тоа редовно му се случуваше минатото лето, продолжи со Виктор Муњоз кој на крајот заврши во Ливерпул, а сега и со Манзамби.