Четири репрезентации, еден сон да се биде на врвот: Суперкомпјутерот даде прогноза кој ќе игра во финалето на СП

Дерби

12/07/2026

14:11

537

Големина на фонт

а а а

Влегуваме во завршната фаза на 23. Светското првенство, останаа уште четири репрезентации или поточно само уште четири натпревари пред да се спушти завесата на турнирот што се игра во САД, Мексико и Канада.

Франција, Шпанија, Англија и Аргентина се селекциите кои дојдоа до самиот крај, а една од нив на крајот ќе го има статусот на шампион во следните четири години.

Франција-Шпанија и Англија-Аргентина се паровите и суперкомпјутерот на Опта даде прогноза за тоа како се шансите на сите селекции.

„Триколорите“ имаат најголеми шанса да стигнат до финалето (57.70%) и тоа заедно со Англија (50.94%), Ова значи дека „галските“ петли влегуваат како фаворити против Шпанците, а многу мала предност им се дава и на Англичаните против „гаучосите“ кои имаат 49.06% да дојдат до последниот меч на мундијалот.

Избраниците на Дешамп се на врвот на листата како најголем фаворит за пехарот (34.05%), потоа следи Шпанија (23.45%), Англија (21.94%) и на крајот четата која ја предводи Лионел Скалони (20.55%).

Полуфиналињата се закажани за 14 и 15 јули од 21 часот.