Голема трагедија: Играч кој настапи на отворањето на мундијалот почина на 25-годишна возраст!

Дерби

12/07/2026

14:13

505

Големина на фонт

а а а

Спортската јавност во Јужна Африка се уште сумираше впечатоци од настапот кој го имаше националниот тим на Светското првенство, но пред да се носат било какви заклучоци, денеска се рашири една вест која го шокираше цело фудбалско семејство.

Џејден Адамс го почна мундијалот како стартер за Јужна Африка и беше во почетните 11 на средбата против Мексико со која се отвори турнирот, потоа настапи и како резерва на следните два меча во групната фаза, но за жал, денеска се споделува информација за негова прерана смрт.

25-годишниот фудбалер починал во неразјаснети услови и се уште не се откриваат детали за тоа како дошло до трагичниот настан, но за жал, сите угледните медиуми од Јужна Африка ја потврдија веста која прво ја пренесе „ЕНСА“.

Шокот од прераната смрт на репрезентативецот на Јужна Африка е убедливо најтажна вест која доаѓа во период кога се уште трае Светското првенство, а со изјава за локалните медиуми се јавил и еден од неговите ментори и фудбалски тренери, Брендан Џонсон.

– Ова е голем шок, се уште ми е многу свежо за да зборувам нормално. Раната е отворена, а семејството побара да не биде вознемирувано бидејќи не се во ситуација да зборуваат со било кого. Оваа вест е голем шок за сите.

– Самошто се врати од Светско првенство, а сега стигнаа оваа страшна вест до сите. Се слушнав со него во четвртокот, беше полн со позитивна енергија и среќен што настапи на мундијалот и се радуваше на тоа што го чека. Сакаше да мине повеќе време со семејството во овој период за одмор, но сега сите останавме без текст. Можам само да потврдам дека прерано не напушти, никој не очекуваше вакво нешто, – гласи изјавата на Џонсон.

25-годишниот Адамс играше во средниот ред и собра три настапи на овој мундијал пред 1/16 финалната фаза во која не доби шанса, а на клупски план ги бранеше боите на Мамелоди.