Како што веројатно знаете, брзото лекување на пациент кој претрпел мозочен удар има огромно влијание врз неговото преживување. Поради оваа причина, важно е да се подигне јавната свест за тоа што претставува мозочниот удар и кои се неговите симптоми.
Што е мозочен удар?
Мозочниот удар настанува кога протокот на крв во мозокот е прекинат и мозокот останува без кислород. Последиците од тоа можат да бидат исклучително сериозни, па дури и фатални.
Постојат различни видови:
Исхемичен мозочен удар е најчест. Настанува кога крвно згутчување или холестеролска наслага ќе ја блокира артеријата (ова се нарекува емболија или тромбоза).
Хеморагичен мозочен удар е поредок. Станува збор за крвавење во мозокот предизвикано од пукање на аневризма, тумор, несреќа, нарушување на циркулацијата и слично.
Транзиторниот исхемичен напад (ТИА), пак, претставува привремено затнување на артерија што се повлекува само по неколку моменти. За жал, некои луѓе го мешаат ТИА со обична малаксаност.

Кои се знаците на мозочен удар?
Знаците што треба да се забележат можат да варираат во зависност од тоа кој дел од мозокот е зафатен. Тоа може да биде искривување на устата, ненадејно губење на видот, проблеми со говорот или слабост во некој дел од телото.
Според лекарите, 10 симптоми можат да бидат предупредувачки знаци неколку недели пред мозочен удар. Некои од овие симптоми можат да се појават, во помала мера, неколку недели или дури месеци пред мозочниот удар. Особено тоа е случај со губењето на меморијата.
Затоа мора да бидете многу внимателни на овие знаци и да се грижите за своето тело. Здравата исхрана, контролата на холестеролот, ограничувањето на консумирањето алкохол и тутун се само дел од факторите што можат да го намалат ризикот од мозочен удар.

Знаци што се јавуваат неколку недели пред мозочен удар:
• Визуелните, аудитивните и олфакторните халуцинации треба да се сфатат многу сериозно
• Исцрпеност
• Парализа на лицето
• Тунелски вид – губењето на периферниот вид може да биде загрижувачки
• Губење на координацијата – ако вашите движења станат некоординирани, веднаш обратете се кај лекар
• Тешкотии со говорот – ако имате потешкотии со говорот и комуникацијата, неопходно е да повикате итна медицинска помош
• Главоболки – ако не страдате од мигрени, ова е симптом на кој треба да обрнете внимание
• Нагло покачување на крвниот притисок е сериозен предупредувачки сигнал

Преживувањето по мозочен удар зависи од брзината на интервенцијата, па затоа е неопходно овие симптоми навреме да се препознаат. И никогаш не двоумете се да повикате итна медицинска помош.










