Мароканскиот селектор: Рабио играше со рака, дел од моите фудбалери застанаа пред првиот гол на Франција

Дерби

10/07/2026

14:29

207

Големина на фонт

а а а

Мохамед Уахби го наследи Валид Реграги за да го продолжи добриот мундијалски пат на Мароканците, но на патот на „атласките лавови“ повторно застана Франција која вчера одново се покажа како кобна за африканската селекција.

Актуелниот светски вицешампион со едно доминантно издание заслужено славеше со 2:0, па иако теренската иницијатива и разликата во квалитет беше очигледна, селекторо Уахби смета дека првиот гол на Французините пристигна после една нерегуларна ситуација.

Во зачетокот на акцијата која подоцна заврши со центаршут од левата страна, но и со гол на Мбапе, Рабио несакајќи ја допре топката со рака, но судијата не реагираше, а луѓето од ВАР потоа не можеа да реагираат бидејќи во меѓувреме беше започната таканаречена „втора акција“.

По карамболот кој настана, топката некако стигна до Мбапе, а овој испрати извонреден шут со кој го отвори резултатот во 60-та минута.

Овој гол целосно го скрши отпорот на Мароканците, кои набрзо после тоа примија и втор гол за конечни 2:0 на првото четвртфинале на Светското првенство.

– Нивниот прв гол падна после една ничија топка. Дел од моите играчи застанаа бидејќи Рабио играше со рака. Дефинитивно имаше играње со рака, но не е мое да кажам дали играта требаше да биде прекината, или не.

– Се надевам дека моите играчи се разочарани после елиминацијата, така треба и да биде. Овој тим е амбициозен, но за ривал имавме извонредна екипа. Боно не остави во игра во првото полувреме, но едноставно не можеше да не одржи во игра и во вториот дел, – изјави Уахби.

Видеото погледнете го ТУКА.