Дембеле: Мбапе е неверојатен лидер и капитен, ми даде клучен совет пред голот

Дерби

10/07/2026

13:42

263

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе продолжува како вистински лидер на Франција на трето Светско првенство во низа, а во потерата да ги урне сите голгетерски рекорди на мундијалите, напаѓачот вчера постигна уште еден погодок.

Иако најпрво не реализираше од пенал во првото полувреме, Мбапе во вториот дел одговори со маестрален гол и асистенција до Усман Дембеле, но покрај сите пофалби кои ги доби од француската јавност, сигурно поважна за него ќе биде изјавата од самиот соиграч.

Актуелната „Златна топка“ го оцени Мбапе како неверојатен лидер и капитен, од едноставна причина што му дал клучен совет пред да го постигнат голот за 2:0 кој целосно ги урна надежите на Мароканците во четвртфиналето.

– Две минути пред голот, Мбапе ми даде клучен совет. Побара од мене да останам во средина и да чекам шанса кога ќе истрчаме контра. И токму тоа се случи, тој имаше добар трк и креираше простор, а јас останав подотворен и се обидов само да го погодам голот. Се испадна совршено.

– Килијан е неверојатен играч, неверојатен лидер и капитен. Тој е бстрашен, има победнички менталитет и не води напред. Очекуваме уште повеќе голови од него на овој мундијал, – изјави Дембеле.