Мбапе суров на теренот, но и надвор од него: Овој француски тим не освоил ништо

Дерби

10/07/2026

15:12

222

Големина на фонт

а а а

Франција доминантно ја победи селекцијата на Мароко со 2:0 и измаршира до ново полуфинале на Светско првенство, трето во низа за „триколорите“ под водство на Дидие Дешамп.

Килијан Мбапе беше доволно инспириран за да си ја поправи грешката од првиот дел кога не реализираше пенал, а суровоста која ја покажа на теренот со гол и асистенција, ја продолжи и пред француските новинари со кои се соочи по средбата.

Во моменти на голема еуфорија, француските новинари почнаа да заклучуваат дека ова е најдобриот француски состав во последните 10 години, по што Мбапе ги коригираше и заклучи дека оваа генерација се уште не освоила ништо.

– Не би рекол дека ова е најдобриот и најсилен тим. Јас бев светски шампион и светски вицешампион, а овој тим се уште не постигнал ништо. Несомнено е дека овој тим има најголем потенцијал, но тоа не е доволно. Има многу квалитет, можеме да сонуваме, но се додека не го видиме трофејот, не може да кажеме дека е најдобар. Овој тим уште не освоил ништо, а јас отсекогаш сум велел дека најдобри тимови се оние кои освојуваат трофеи.

– Свесни сме за потенцијалот кој го поседуваме, но потенцијалот не е доволен на натпреварите. Имаме верба во себе, но сега следи најтешкото и треба да покажеме дека сме најдобар тим, – изјави Мбапе.