Почна реконструкцијата на улицата од Кино Маџари до мостот за влез во Ченто

Макфакс

09/07/2026

11:20

186

Големина на фонт

а а а

Започна реконструкцијата на улицата „Жан Жорес“ во Општина Гази Баба на делницата од Кино Маџари до мостот за влез во Ченто, со цел подобрување на сообраќајната инфраструктура и условите за пешаци и возила, како дел од капиталните проекти финансирани од Владата и општината.

Започнува реализација на уште еден инфраструктурен проект за Општина Гази Баба – реконструкција на улицата „Жан Жорес“, на делницата од Кино Маџари до натпатникот кај ООУ „Наум Наумовски Борче“.

Градоначалникот Боба Стефковски информира дека овој проект предвидува целосна реконструкција на коловозот, како и изградба на нови, современи пешачки патеки, со што ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците и возилата.

„По долг временски период, жителите на овој дел од општината ќе добијат современа и квалитетна сообраќајна инфраструктура, каква што заслужуваат. Вкупната вредност на проектот изнесува 6.154.539 денари, средства обезбедени преку вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти на Владата на Република Македонија, со кофинансирање од буџетот на Општина Гази Баба“, рече Стефковски.

Додаде дека реконструкцијата на улицата „Жан Жорес“ е еден од вкупно 20 капитални проекти што во овој период се реализираат во Општина Гази Баба со поддршка од Владата.