Уапсен албански државјанин на граница, пронајдена голема количина марихуана

Макфакс

09/07/2026

12:10

259

Големина на фонт

а а а

На граничниот премин Деве Баир, албански државјанин бил уапсен при контрола на товарно возило, при што била пронајдена и одземена голема количина марихуана. Неговото лишување од слобода беше извршено од полициските служби, а случајот е во надлежност на јавниот обвинител.

Вчера во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ч.А.(40) од Р.Албанија.

Според информациите на МВР, пр гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана.

Известен бил јавен обвинител, а Ч.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.