Се „шушка“ дека дошло до голема расправија меѓу членките на „Спајс грлс“: „Блокирана е!“

Точка

09/07/2026

10:58

726

Големина на фонт

а а а

Култната група „Спaјс Грлс“ неодамна ја прослави 30-годишнината од објавувањето на својот дебитантски сингл „Wannabe“. По тој повод, членките на составот – Викторија Бекам, Мел Си, Гери Халивел, Мел Би и Ема Бантон – повторно се најдоа под будното око на јавноста.

Обожавателите деновиве забележаа еден детаљ на социјалните мрежи кој поттикна шпекулации за наводна караница меѓу Гери и Мел Би.

Имено, Халивел прва ја одбележала годишнината од песната на Инстаграм, воодушевено зборувајќи за своите „прекрасни сестри“. Притоа навела дека „пријателството никогаш не завршува“, како што се вели и во хит-песната.




Меѓутоа, Гери во објавата ги означила Бекам, Мел Си и Бантон, но не и Мел Би, со што сугерирала дека можеби ја блокирала на Инстаграм. Поранешните колешки од бендот не се појавуваат на меѓусебните списоци на следбеници.

Обожавателите кои забележале дека Мел Би не е означена на фотографијата, ѝ порачаа на Халивел да се смири со својата колешка, надевајќи се дека групата повторно ќе се обедини за турнеја.

Мел Би на својот профил објавила фотографија по повод годишнината на која се прикажани сите членки на бендот, вклучувајќи ја и Гери, а набрзо се огласила и Мел Си, која напишала:

„30 години женска моќ! Среќен роденден, ‘Wannabe’, те сакам. Песна која засекогаш ни го промени животот.“




Групата „Спaјс Грлс“ зад себе има многу хитови, но и бурна кариера обележана со конфликти и драматични заминувања на членките од групата. Помалку од две години откако „Wannabe“ се искачи на музичките топ-листи во 1996 година, Халивел објавила дека го напушта бендот, среде светската турнеја.

Одлуката ја донела на врвот на популарноста на женската група, непосредно пред нивните концерти во САД, но и во периодот кога Мел Би го славела роденденот, што наводно е една од причините за нивниот долгогодишен конфликт.

Мел во едно претходно интервју изјавила:

„Кога Гери ја напушти групата, беше многу лошо. Замина на мојот роденден и никому не му кажа. Не се појави. Имавме американски дел од турнејата што требаше да го продолжиме“, рекла таа.




Нејзиниот поранешен сопруг, Џими Гулзар, подоцна додал дека пејачката била особено повредена бидејќи таа и Халивел биле многу блиски.

Конфликтот продолжил и во следните години, кога Мел во 2019 година открила дека таа и Гери „имале лезбејска авантура“.
Извори блиски до Гери, која од 2015 година е во брак со Кристијан Хорнер, изјавиле дека пејачката била „бесна“ по изјавата на својата колешка, а Халивел нешто подоцна ја негирала приказната на Мел.




Двете колешки по многуте расправии биле видени неколку пати во јавноста, но се чини дека и понатаму не се во добри односи. Веќе извесно време кружат гласини дека групата би можела повторно да се обедини, но некои извори велат дека поради конфликтот меѓу Гери и Мел, најверојатно нема да дојде до тоа.