По мегахитот „Лидија“, кој собра повеќе од 1,6 милиони прегледи и стана едно од најслушаните домашни изданија, Јанг Дади се враќа со новата песна „Син на мама“, проект што уште од првото слушање покажува дека има потенцијал да биде неговото следно големо музичко поглавје.
Со препознатливиот стил, модерна продукција и заразен рефрен, Дади повторно останува доследен на звукот што му донесе огромна публика. Зад музиката, текстот и идејата стои самиот тој, додека за битот, аранжманот, миксот и мастерингот повторно е заслужен Андреј Ник, кој стоеше и зад продукцијата на мегахитот „Лидија“, потврдувајќи ја успешната соработка што продолжува и со ова издание.
„Син на мама“ е и првиот проект под издавачката капа на Авалон Продукција, која после навистина долго време има свој нов ексклузивец.
Но, „Син на мама“ не е само нова песна. Големо внимание привлекува и видеоспотот, реализиран од „Takat Studios“ во режија на Генц Халими, кој носи филмска естетика и интересна приказна.

Во центарот на спотот е ликот на Јанг Дади, кој поминува низ низа комични и неочекувани ситуации во потрага по „совршениот избор“, додека улогата на неговата мајка ја толкува инфлуенсерката Миа Костова. Низ видеото се појавуваат и инфлуенсерката Тијана Скулиќ, како и Гала Поњавиќ, Елиана Христи, Јоана Делова и Марта Михајловски, кои ја надополнуваат динамичната визуелна приказна.
По огромниот успех на „Лидија“, која се претвори во еден од најголемите домашни хитови во последниот период, Дади со „Син на мама“ покажува дека не се потпира на стари успеси, туку продолжува да ја гради својата препознатлива музичка приказна со нови идеи, впечатлива продукција и видеа што изгледаат како кратки филмови.

Во меѓувреме, подготовките за неговиот голем концерт на 12 септември во СЦ „Јане Сандански“, во организација на Авалон, се во полн ек, а нема сомнеж дека и „Син на мама“ ќе биде дел од сет листата на концертот што со нетрпение го очекуваат неговите фанови.









Линк од карти за концерт: https://www.karti.com.mk/young-dadi.nspx.










