Подгответе баскиски чизкејк: Едноставен десерт препознатлив по „загорениот“ изглед на врвот

Точка

08/07/2026

21:30

209

Големина на фонт

а а а

Баскискиот чизкејк е десерт најпознатлив по својот потпечен изглед на површината, односно по карамелизираната кора што се создава за време на печењето.

Овој десерт е идеален за секоја пригода – доволно лесен за попладневен чај, но и доволно впечатлив за послужување на празнични собири.

Додавањето сезонско или шумско овошје може да го направи уште попосебен. Неговата најголема предност е едноставната подготовка.

Потребни состојки:

- 900 грама крем-сирење на собна температура
- 300 грама полномасна кисела павлака
- 300 грама шеќер
- шест јајца
- две лажици желатин
- една лажица меко брашно


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 230 степени. Матете ги крем-сирењето и павлаката додека не добиете изедначена смеса. Додадете го шеќерот и матете уште неколку минути. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, без да престанете со матење.

Од смесата одвојте неколку лажици, па измешајте ги со желатинот, брашното и една лажица вода за да не се создадат грутки. Потоа вратете ја оваа смеса во садот и матете уште околу половина минута.

Истурете ја смесата во калап со пречник од 22 до 23 центиметри, претходно обложен со хартија за печење. Хартијата треба да излегува над рабовите на калапот.

Печете го колачот 40 до 50 минути, во зависност од рерната, сè додека не добие темна боја. На крајот, површината треба да изгледа речиси загорена.

Оставете го колачот околу еден час да се излади и да се стегне. По желба, можете да го исечете на парчиња додека е сè уште млак, или да го ставите во фрижидер, бидејќи така полесно ќе се сече.