Австралиската филмска дива не престанува да го воодушевува светот со својот префинет вкус, а секое нејзино модно издание е приказна за себе.
Неверојатно оригинална и секогаш поинаква, Кејт Бланшет вчеравечер во Париз уште еднаш покажа зошто е модна икона и една од најхаризматичните актерки на денешен Холивуд. Нејзините модни лекции се нешто што секоја жена би требало да го знае и запомни.
Не постои модна комбинација во која едноставно не зрачи со елеганција, харизма, самодоверба и добар вкус.
Совршено воспоставува рамнотежа меѓу безвременските парчиња и модните експерименти, а во тоа е толку вешта што веќе има изградено стил кој слободно може да го носи нејзиното име и презиме – Кејт Бланшет.

Што и да облече, ќе нè остави без зборови. Од гламурозна „оскаровска“ вечерна тоалета, преку парчиња од „Роксанда“, костим за капење и тесна кожа од глава до пети, па сè до класичен машки костум со вратоврска или нешто поекстравагантно и провокативно...
А кога сте во Париз, однесувајте се како Парижанка и бидете – шик! За неа тоа секако не претставува никаков проблем.

Австралиската ѕвезда внимателно ги следи случувањата на Неделата на високата мода, а на ревијата на куќата „Armani Privé“ се појави во црна кадифена комбинација, составена од панталони со поширок крој, краток горен дел со отвори од страните и бела блуза со подлабоко деколте.
Одличниот аутфит со потписот на „Armani“ таа веќе го носела порано, на доделувањето на наградите „Еми“ во 2025 година, но Кејт Бланшет, исто како и кралицата Летиција и Кејт Мидлтон, е искрена поддржувачка на рециклираната мода, па изданијата што веќе сме ги виделе не ѝ се туѓи.
Комбинацијата која ја спојува лежерната елеганција со моќниот деловен стил („power dressing“), „Кејт Велика“ ја надополнила со впечатливи детали – метална тока на половината, накит и очила за сонце.
И што друго да се каже, освен – совршено!