[ВИДЕО] Инфлуенсерка која личи на Халанд ги освои социјалните мрежи: Ѝ коментираше и фудбалерот

Точка

08/07/2026

14:12

851

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Ема Кејт Вилман стана популарна на социјалните мрежи откако многумина наведоа дека личи на Ерлинг Халанд, а во коментарите се огласи дури и самиот фудбалер.

Таа претходно овој месец на Инстаграм објави туторијал за тоа како да направите француска плетенка. Но, вниманието го привлече тоа што личи на славниот фудбалер. Снимката досега собра речиси 33 милиони прегледи и повеќе од еден милион лајкови.


„Женска верзија на Халанд“, „Одличен гол против Бразил“, „Халанде, честитки за победата над Бразил“, се дел од реакциите. Халанд кратко напиша: „Здраво“ и додаде емотикон со кренат палец. Неговиот коментар досега има речиси два милиона лајкови.


Ема се осврна на популарноста што ја стекна преку ноќ. Таа изјави дека гледала „Love Island“ кога забележала дека ѝ пристигнуваат бројни известувања и додаде дека и претходно ја споредувале со Халанд.

„Никогаш не сум го забележала тоа сè додека не се разбудив и не видов дека тој ми коментирал на Инстаграм. Тој има 54 милиони следбеници и одлучил да ми остави коментар“, меѓу другото рече таа.


Ема е благодарна на алгоритмот затоа што нејзината снимка ги освои социјалните мрежи. Освен Халанд, ѝ се јавиле и многу брендови, вклучувајќи го и „Adidas“.

„Светското првенство не е завршено. Можеби ќе купам билет за некој натпревар“, порача таа.