Адам Сендлер бил едно од најголемите изненадувања на венчавката на Тејлор Свифт и Тревис Келси, но неговата клучна улога во церемонијата воопшто не била случајна.
Популарниот актер и комичар го венчал парот во петокот во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, водејќи ги низ брачните завети пред официјално да бидат прогласени за сопружници пред семејството и најблиските пријатели. Иако неговиот избор изненадил многу обожаватели, Сендлер со години градел искрени пријателства и со пејачката и со спортистот, пишува „Hello! Magazine“.

Пријателството меѓу Сендлер и Келси се развило за време на снимањето на филмот „Happy Gilmore 2“, во кој ѕвездата на Kansas City Chiefs имала камео-улога. Гостувајќи претходно оваа година во емисијата „The Pat McAfee Show“, Тревис не го криел воодушевувањето од работата со еден од неговите комичарски идоли.
„Да се работи со самиот Хепи Гилмор, Сендмен... беше неверојатно“, рекол тој и додал: „Подеднакво е одличен и надвор од камерите како и пред нив, и тоа беше остварување на сон.“
Очигледно е дека восхитувањето е обострано. Во пресрет на премиерата на филмот, Сендлер го опишал Тревис како „толку нежен, фин човек и проклето смешен“.
„Тој е како момците со кои сум пораснал“, рекол актерот за „Entertainment Tonight“.
„Додека бев со Тревис, ме потсети на моите пријатели од средно училиште“, додал тој.
Исто така го пофалил како „одличен актер, прекрасен човек“ и „вистински фраер“.

Тејлор како дел од семејството на Сендлер
Пријателството на Адам со Тејлор трае уште подолго. Комичарот често истакнувал колку пејачката била љубезна кон неговото семејство, особено кон ќерките Сејди и Сани, кои повеќепати се сретнале со светската суперѕвезда.
„Тејлор е неверојатна. Секогаш била и останала исклучително љубезна кон моето семејство. Моите деца ја сретнаа многу пати и секојпат била исклучително срдечна и топла кон нив“, рекол Сендлер.
Семејствата биле заедно фотографирани на премиерата на нејзиниот концертен филм „Eras Tour“ во Лос Анџелес во 2023 година.

Иако добро ја познава, Адам призна дека сè уште го фаќа трема кога е во нејзино друштво. Гостувајќи во 2024 година во подкастот на Конан О’Брајан, рекол:
„Малку се нервирам кога сум покрај Тејлор, само затоа што не сакам да се избрукам пред моите деца.“
Зборувајќи за нејзиниот огромен успех, додал:
„Луѓето ја споредуваат со Битлси. Толку мног хитови... Нема песна чии зборови моите деца не ги знаат.“

Семејството во центарот на церемонијата
Поп-пејачката Тејлор Свифт и играчот на американски фудбал Тревис Келси се венчале на церемонија одржана во њујоршката арена „Медисон Сквер Гарден“.
Според наводите на долгогодишната публицистка на Тејлор Свифт, Три Пејн, младенците носеле облека дизајнирана за нив од Џонатан Андерсон во соработка со модната куќа „Диор“, додека невестата носела накит од компанијата „Картије“ и обувки изработени по мерка.
Тејлор ја прекинала традицијата така што го замолила својот помлад брат Остин Свифт да ја придружува до олтарот, додека постариот брат на Тревис, Џејсон Келси, бил негов кум.
Овие многу лични детали ги одразуваат блиските односи што парот ги негува со семејството и пријателите.
Дводневната прослава започнала со помал настан во четврток, додека главната церемонија на венчавката била одржана во петок.
Поради настанот биле затворени одредени улици во центарот на Менхетен, а околу арената биле поставени шатори и дополнителни заштитни конструкции заради приватноста на гостите.

Според наводите на медиумите, меѓу гостите биле актерите Хју Грант, Џејсон Судeикис, Итан Хок, Дакота Џонсон и Бредли Купер, моделот Џиџи Хадид, пејачот Бенсон Бун, телевизискиот водител Греам Нортон, како и бројни пријатели и соработници на парот.



Голем број обожаватели се собрале пред „Медисон Сквер Гарден“ во текот на целиот ден, пеејќи ги песните на Тејлор Свифт.
Откако Тејлор и Тревис официјално биле прогласени за сопружници, „Медисон Сквер Гарден“ се приклучил на прославата на спектакуларен начин. На огромните надворешни екрани на арената засветлил розов натпис „JUST T MARRIED!“, а салата на социјалните мрежи објавила фотографија со опис: „Тоа е љубовна приказна“, како соодветна посвета на нејзиниот хит „Love Story“ од 2008 година.

За парот чија романса освоила милиони луѓе ширум светот, изборот на една од најомилените холивудски ѕвезди да ги воведе во брачниот живот изгледа како совршен завршеток на нивната бајковита церемонија.
Според пишувањето на „BBC“, прославата привлекла големо меѓународно внимание и често била опишувана како „венчавка на векот“, со споредби со интересот што традиционално ги следи големите кралски венчавки.
Свифт и Келси се во врска од 2023 година, а нивната венчавка била една од најследените теми во американските и светските медиуми во последните недели.















