Пророштвото на Марадона: Големиот Диего го најави бизарното правило кое го воведе ФИФА уште во 2018. година

Дерби

02/07/2026

12:21

372

Големина на фонт

а а а

Диего Марадона секогаш ќе остане запаметен како еден од најголемите играчи на сите времиња, а особено недостасува во периоди кога се актуелни Светските првенства.

И по крајот на играчката кариера, неповторливиот Аргентинец беше стандареден декор од секое големо натпреварување како ВИП гостин на трибините, а по мундијалот во 2018-та година даде една изјава која во овој период стана посебно вирална.

Во период кога се зборуваше за мундијал на кој домаќините ќе бидат САД, Канада и Мексико, Марадона даде најава каква промена ќе активираат Американците, а осум години подоцна, испадна дека големиот Дон Диего знаеше што зборува.

– Не ми се допаѓа идејата за Светско првенство во три земји. Канаѓаните се добри скијачи, а не фудбалери. Американците сакаат да воведат четири четвртини по 25 минути поради реклами. На крајот ќе гледаме фудбалски натпревари кои ќе траат 100 минути, – изјави Марадона, а неговото пророштво се исполни со воведување на бизарно правило за хидрирање на фудаблерите.

ФИФА испорача правило за прекин на средина на полувремињата поради хидрирање, а од задолжителната пауза која трае три минути најголем профит има токму светската Федерација, која успеа да инаксира милиони евра од компаниите кои се рекламираат за време на споменатата пауза.