Скандал во Италија: Ѕвездата на Интер под истрага поради малолетничка проституција

Точка

01/07/2026

19:39

517

Големина на фонт

а а а

Алесандро Бастони, фудбалер на Интер и репрезентативец на Италија, се наоѓа под истрага во татковината поради детска проституција.

Станува збор за дел од поширока истрага која ја спроведува Јавното обвинителство во Милано, а Бастони е повикан да се појави пред обвинителите во петок.

Тој се товари дека во јуни 2020-та година платил за сексуален однос со една ескорт девојка, која во тоа време имала 17 години. Бидејќи таа тогаш била малолетна, платениот секс би претставувал кривично дело малолетничка проституција.

„Мојот клиент е многу потресен. Можам да ја исклучам секоја можност дека некогаш стапил во платени сексуални односи, а уште помалку со малолетничка“, изјавил неговиот адвокат Салваторе Скуто.

Италијанскиот познат медиум „Газета дело Спорт“ пренесе дека девојката е веќе испрашана и дека, иако признала дека престојувала во куќата на Бастони, негирала дека имала сексуален однос со фудбалерот.

Бастони не е единствениот фудбалер кој е вмешан во овој скандал, но моментално најмногу се зборува за неговиот случај.

Во италијанските медиуми се појавиле и четови кои укажуваат на спорни случувања во врска со Бастони и ескорт девојката.

За скандалот пишуваат и други медиуми во Италија, а случајот брзо се раширил и низ Европа.

Бастони во сезоната зад нас беше поприлично стандарден во последната линија на Интер, за кој постигна по еден гол во Серија А и Лигата на шампионите.

Договорот со Интер му важи до јуни 2028-ма година, но веќе се зборува за трансфер во Реал Мадрид, иако и Барселона е во приказните за негов ангажман. Вредноста на Трансфермаркт му е проценета на 65 милиони евра.