Сенегалска ѕвезда збесна по болната елиминација: Нема да се вратам да заиграм со овој селектор!

Дерби

02/07/2026

12:08

503

Големина на фонт

а а а

Папе Геје беше нацинален херој за Сенегал кога постигна гол за победа против Мароко во контроверзното финале во Африканскиот Куп на нации, но неколку месеци подоцна, играчот на Вилјареал повторно е во центарот на вниманието поради изјавата која ја даде по мечот со Белгија.

Африканците си „пукаа во колено“ и испуштија сигурна победа против Белгија во самата завршница, а откако натпреварот заврши со болен пораз и елиминација, токму Геје беше еден од најлутите во соочувањето со медиумите.

Геје побара одговори од селекторот кој го извади од игра на стартот на второто полувреме, но беше уште побурен на социјалните мрежи каде најави дека нема да се врати да заигра за Сенегал со актуелниот тренер Папе Буна Тиау и неговиот стручен штаб.

– Ќе дојде време кога ќе кажам повеќе за елиминацијата, но во овој момент сакам да ве известам следното:

– Нема да играм за репрезентацијата и ќе земам мал одмор се додека дел од националниот тим е актуелниот тренер и неговиот стручен штаб, – бурно порача фудбалерот на Вилјареал.