Најновата почест на фудбалската легенда Лионел Меси во Аргентина брзо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи. Во Патагонија беше поставена статуа висока 26 метри, но обожавателите веднаш забележаа проблематичен детаљ во нејзиниот дизајн.
Статуата го прикажува Меси во дресот на аргентинската репрезентација како клечи над трофејот од Светското првенство, кој е поставен точно меѓу неговите нозе. Уметникот Алдо Беросија изјави дека првичната замисла била Меси да го држи пехарот во рака, но тој бил преместен од безбедносни причини.
Потсмевот не престанува
Сепак, навивачите веднаш забележаа дека новата положба не е идеална. „Изгледа како обратна каубојка“, коментирал еден корисник. Друг додал: „Ох, Боже... Каков хаос.“ Недостигот од шорцеви дополнително предизвика реакции: „Зошто нема шорцеви?“. Некои се шегуваа и на сметка на конкуренцијата: „Кој и да го одобрил ова е таен навивач на Роналдо“, алудирајќи на Кристијано Роналдо.

Уметникот изјави дека фокусот бил ставен на лицето на Меси. „Целото внимание на јавноста ќе биде насочено кон лицето. Ако не испадне добро, сè што сум направил паѓа во вода“, изјави Беросија.
Бидејќи вообичаено изработува статуи на диносауруси и Исус Христос, бил решен секој детаљ од лицето на Меси да биде верен на оригиналот. Дури неколкупати ги менувал очите на статуата, бидејќи неговата сопруга му сугерирала дека нешто не е во ред. „Луѓето секогаш имаат свое мислење, но Меси е Меси“, додаде тој.













