Ен Хатавеј се појави во Њујорк на почетокот од промотивната турнеја за новиот филм „Odyssey“, каде што го привлече вниманието со елегантно црвено издание, со кое го истакна трудничкиот стомак.
Актерката, која со својот сопруг Адам Шулман го очекува третото дете, заблеска во впечатлива модна комбинација во пресрет на премиерата на новото остварување на режисерот Кристофер Нолан.
За оваа пригода избра долга црвена блуза и панталони во иста нијанса, кои ги надополни со црвени салонки, златен ѓердан и црни очила за сонце.

Веста за бременоста 43-годишната ѕвезда на филмот „The Devil Wears Prada“ ја потврди на 19 јуни со објава на Инстаграм. Таа сподели видеоснимка на која, облечена во лелеав бел фустан, го покажува трудничкиот стомак со песната „Baby I'm Yours“ од пејачката Барбара Луис.
Според пишувањето на магазинот „People“, Хатавеј моментално е целосно посветена на семејството додека се подготвува за доаѓањето на третото дете. Со својот сопруг Адам Шулман веќе има двајца синови, десетгодишниот Џонатан и шестгодишниот Џек.
Извор близок до актерката изјавил дека таа е благодарна за сè што постигнала во кариерата, како и за можноста да биде дел од филм кој многу ѝ значи на публиката.

„Благодарна е за сè што постигна во кариерата и за можноста да биде дел од филм што на луѓето им значи многу. Ен не жали за ништо. На сè пристапува со голема благодарност и професионалност, а така ѝ пристапи и на оваа промотивна турнеја“, изјавил изворот.












