[ВИДЕО] Преубавите близначки шармираат на СП во фудбал: „Единствената убава работа која ја има Португалија“

Точка

01/07/2026

08:15

708

Големина на фонт

а а а

Натпреварот помеѓу репрезентациите на Колумбија и Португалија привлече големо внимание во јавноста, но не на теренот, туку надвор од него.

Фудбалерите на Колумбија и Португалија одиграа без голови (0:0) во натпреварот од третото коло од групата К на Светското првенство. Сепак, бодовите беа распределени, а колумбиската репрезентација успеа да го задржи првото место во групата, додека Португалија остана втора и во следната рунда ќе се соочи со Хрватска во еден од најинтересните дуели од првата нокаут фаза.

Сепак, најголемото внимание во јавноста не го привлекоа настаните на самиот терен, туку надвор од него. Поточно, прекрасните близначки кои го следеа натпреварот помеѓу Колумбија и Португалија станаа вистинска сензација на социјалните мрежи. И додека едната носеше дрес на Португалија, другата носеше бела маица, а нивните фотографии го обиколија светот.

Подоцна се откри дека нивните имиња се Марија и Матилда Неива.

Матилда е партнерка на португалскиот репрезентативец Франциско Консеис. Двојката ја чуваше својата врска во тајност, а според странските медиуми, тие се заедно од 2023 година.

Неколку секунди од преносот во живо од натпреварот беа доволни за убавите близначки да ги шармираат фановите на социјалните мрежи и да станат вистинска сензација. Коментарите на фановите на Мундијалот постојано се редат на „X“.


„Љубов на прв поглед. Се надевам дека ќе ги пронајдат на следните натпревари на Португалија“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Дали овие близнаци се познати и зошто се толку убави?“

„Единственото убаво нешто што го има Португалија“, додаде трет.