Рецептот за еспресо бомба предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Се работи за пијалак направен од еспресо, тоник, лимон или лимета и малку сол.
Солта ја намалува горчината на кафето, додека цитрусот ги истакнува неговите посвежи, поовошни ноти. Иако тоникот има и горчливи состојки, неговата блага сладост и меурчиња го поврзуваат еспресото и лимонот во поизбалансиран вкус.
Подготовка на еспресо бомба
Наполнете ја чашата до половина со тоник и мраз, а двојното еспресо сипете го во помала чаша. Парче лимон потребно е да протрие околу работ на чашата, потоа работ се потопува во сол и чашата се спушта во тоникот. Можете и едноставно и да го прелиете еспресото врз тоникот.
Еспресото треба да се остави да се излади пред да се сипе во тоникот, бидејќи во спротивно пијалакот веднаш ќе се згрутчи. Уредникот на рубриката за пијалаци на британскиот портал Метро, во своето тестирање навел дека обичната газирана вода не дала добар резултат, додека тоник без шеќер понудил доволно сладост и подобро ги избалансирал горчливите ноти на кафето.
На пијалакот му дал оцена осум од 10 и навел дека повторно би го пробал, особено за време на жешките денови или по ноќно излегување. Меѓутоа реакциите на социјалните мрежи се поделени.
„Идеално за зависниците од кафе“, „Имам многу прашања“, „Не би го пробала ова“, „Изгледа необично, но вкусот е добар“, се дел од коментарите.







