„Instagram“ воведува голема промена што ќе им се допадне на повеќето корисници

Точка

30/06/2026

08:46

880

Големина на фонт

а а а

Корисниците на „Instagram“ наскоро би можеле да добијат повеќе можности за прилагодување на содржината што им се прикажува.

Адам Мосери, првиот човек на „Instagram“, претстави нови начини на кои корисниците би можеле да ја користат функцијата „Your Algorithm“, опција што им овозможува попрецизно да одредат кои теми сакаат да ги гледаат почесто, а кои поретко. „Instagram“ ја воведе оваа функција минатата година и оттогаш постепено ја проширува во сè повеќе делови од апликацијата.


„Сакаме опцијата „Your Algorithm“ да прерасне од обично поставување во нешто што ќе биде централен дел од вашето искуство на „Instagram"“, изјави Мосери. Тој додаде:

„Некои од овие можности моментално ги тестираме, некои наскоро ќе бидат достапни, а некои можеби никогаш нема да заживеат.“


Меѓу примерите што ги претстави е можноста корисникот со повлекување на екранот надолу на почетната страница (Feed) да го отвори менито „Your Algorithm“, како и опцијата со повлекување нагоре („Swipe Up“) на „Reels“ видео да отвори сличен прозорец за прилагодување на содржината.

Третиот пример прикажува копчиња под секое „Reels“ видео, преку кои корисниците можат да означат дали сакаат да гледаат повеќе или помалку слични видеа.


Сепак, најголемо внимание привлекоа коментарите на корисниците под објавата на Мосери, а речиси сите имаа исто барање.

Како што напиша еден од нив:

„Само сакаме алгоритмот да ни ги прикажува објавите од луѓето што навистина ги следиме.“