Биелса се одјавил пред уругвајските фудбалери со брутална порака во соблекувалната

Дерби

29/06/2026

13:37

551

Големина на фонт

а а а

Марсело Биелса не го криеше бесот и разочарувањето што Уругвај го заврши Светското првенство во групната фаза, па иако презема одговорност за неуспехот, искусниот стручњак не пропуштил да го префрли товарот и врз големите ѕвезди.

Пред клучниот меч со Шпанија, уругвајските медиуми почнаа да пишуваат дека дел од најголемите ѕвезди отвориле бунт против селекторот поради неинвентивните и напорни тренинзи, па откако сето тоа кулминираше со пораз и болна елиминација во лесна група, повеќе од јасно е дека Биелса ќе заработи отказ.

Како што јавува угледниот новинар Себас Џованели, свесен за тоа е и самиот Биелса, кој на заминување од репрезентативниот камп испорачал брутална порака до своите фудбалери.

– Ме изневеривте, ме оставивте сам на себе, – кратко и јасно им порачал Биелса на уругвајските ѕвезди кои целосно потфрлија на овој мундијал.

Ексклузивата на новинарот кои работи за „ЕСПН“ е само потврда дека состојбата кај некогашниот светски шампион беше далеку од идеална, па за очекување се во наредниот период да има и коренити промени во стручниот штаб, но и во самиот играчки кадар.