До вторник сончево и топло, потоа повремени врнежи од дожд

Макфакс

28/06/2026

12:50

158

Големина на фонт

а а а

До вторник времето ќе биде сончево и топло, но од вторник попладне циклони донесуваат повремени врнежи од дожд и нестабилност во повеќе региони, со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според УХМР, наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.