Голем студентски протест наречен „Сè се гледа на Видовден“ ќе се одржи денеска во Краљево

Макфакс

28/06/2026

11:17

2.787

Големина на фонт

а а а

Во Краљево денеска ќе се одржи голем студентски протест наречен „Сè се гледа на Видовден“, каде студентите ќе ги претстават своите планови и пораки поврзани со претстојните избори во Србија.

Голем студентски протест наречен „Сè се гледа на Видовден“ ќе се одржи денеска во Краљево. Централниот дел од програмата е закажан за 18:00 часот на градскиот плоштад.

Студентските организации и Студентите во блокада го објавија точниот распоред и локациите на сите активности за денеска.


Вторпат, студентското движење ќе го одбележи празникот Видовден, претходно во 2025 година, голем протест се одржа на плоштадот Славија во Белград.

Се очекува студентите во Краљево да ги презентираат своите следни чекори во врска со претседателските и парламентарните избори.

Пред нивниот протест, вчера властите одржаа митинг во Белград, каде што Александар Вучиќ, претседателот на Србија, објави дека за неколку недели ќе поднесе оставка од функцијата и ќе излезе со листа наречена „Обединета Србија на вонредни избори.