Маж од Скопје повреден од струен удар додека работел на викенд-куќа во Дојранско

Макфакс

27/06/2026

15:10

210

Големина на фонт

а а а

Триесет и двегодишен маж од Скопје е повреден од струен удар додека работел на викенд-куќа во општина Дојран. Повредениот бил пренесен во Клиниките во Скопје, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Триесет и двегодишен маж од Скопје се здобил со повреди од струен удар додека извршувал работни задачи на викенд-куќа во селото Николиќ, во општина Дојран.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 26 јуни 2026 година во 22:30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека повредениот С.П. (32) бил донесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со возило на Итна медицинска помош од Гевгелија.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни активности на викенд-куќа, чиј сопственик е А.Н. од село Кадино.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.