Ѓоковиќ со поддршка до Лина и најава за меч со неа и Калин Ивановски во Македонија

Макфакс

27/06/2026

19:21

1.126

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ многу пати изјавувал дека го следи тенисот во регионот и се обидува, колку е во негови можности, да ги поддржи останатите тенисери.

Известувачот на „Макфакс“ од Вимблдон, на воведната прес конференција го праша Новак дали е запознат дека на овој турнир по првпат во македонската тениска историја, Македонија ќе има и свој претставник на главниот турнир, Лина Ѓорческа и дали би сакал да ѝ даде совет и поддршка пред првиот меч?


„Да, го пратев нејзиниот настап од пред два дена кога се квалификуваше, така што големи честитки за неа и за македонскиот тенис, кој, како што рековте, ја испишува својата историја на овој Вимблдон. Се надевам дека ова може да биде еден голем успех на највисокото ниво на тенисот, кој ќе им ги отвори вратите на младите и ќе им покаже на луѓето во Македонија, кои имаат желба и аспирација да се бават со тенис, дека е можно да се успее. Слично беше и со Србија, која, сепак, го имаше Слободан Живојиновиќ и Моника Селеш, како тенисери кои успеале на светско ниво, но, потоа, долги низ години немаше никој. Поради војната, тоа беа едни тешки и предизвикувачки години за српскиот народ, така што тенисот како скап и поприлично непристапен спорт, во однос на некои други тимски спортови, едноставно не произведуваше тенисери од нашиот регион кои можеа да се пробиваат на светско ниво, освен, можеби, од Хрватска.

Многу ми е драго за Македонија, и мене ми се наближува моментот кога ќе ја посетам Македонија, и јас се надевам дека тој момент ќе дојде во многу блиска иднина, бидејќи навистина имам голема желба да ја посетам вашата земја. Можеби и нешто би организирале со Лина и со Калин Ивановски, со кого имав можност да тренирам сега пред Вимблдон во Грција.


Секако дека следам, и се обидувам, како што спомнавте, со совети и на други начини да ги поддржам и потстрекнам на поголем развој на тенисот во сите земји од регионот. До сите ми е станато, и сакам да имаме што повеќе успешни тенисери од нашите земји“ – изјави Ѓоковиќ за Макфакс на Вимблдон.