На социјалните мрежи се прошири вирална теорија која наводно го предвидува победникот на овогодишното Светското фудбалско првенство.
Имено, една креаторка на содржини е убедена дека открила начин како да го предвиди победникот на овогодишното Светско првенство.

Натпреварувањето, кое се одржува во Мексико, Канада и САД, е во полн ек, а додека групната фаза се ближи кон крајот, тиктокерката и креаторка на содржини Пејџ тврди дека одговорот цело време се криел во официјалното лого на првенството.
Вирална теорија
Пејџ објаснила дека официјалните бои на ФИФА логото на првенството кријат трага за потенцијалниот победник. „Секое Светско првенство има свои официјални бои“, рекла таа. „На последните три турнири боите случајно се совпаѓаа со боите на тимот што ја освои титулата“, додала таа.
Истражувајќи ја оваа необична случајност, Пејџ забележала дека боите на логото од 2022 година се совпаѓаат со боите на Аргентина, додека истиот образец се повторил и на турнирите во 2018 и 2014 година. „Луда случајност или нешто повеќе? Не знам“, коментирала тиктокерката.
Според нејзината теорија, оваа година најголеми шанси за титулата има Португалија, но и самата предупредува дека тоа е повеќе за забава отколку сигурна прогноза. „Фудбалот е непредвидлив – секој тим може да победи, но и да изгуби“, нагласила таа.
И додека теориите за боите на логото нудат забавен начин за предвидување на победникот, вистинската драма и емоции се на теренот, каде што репрезентациите се борат за секој поен.












