Монако не е повеќе дел од Евролигата, два клуба добија вајлд карти

Дерби

26/06/2026

17:07

209

Големина на фонт

а а а

Познати се сите клубови кои во сезоната 2026/2027 ќе настапуваат во Евролигата, конкуренција од која дефинитивно нема да биде Монако.

Монако има проблеми на финансиски план, буџетот ќе го намали и во наредната сезона ќе го гледаме во Еврокупот, натпреварување во кое ќе има место и за новиот клуб на нашиот Андреј Јакимовски - Наполи.

Инаку Евролигата ќе брои 20 тимови, новитет е турски Бешикташ кој доби едногодишна вајлд карта заедно со француски Париз. Инаку Бешикташ го загуби финалето на Еврокупот од Бурж кој имаше право да игра во Евролигата, но одлучи да остане во второто по ранг натпреварување.

Евролигата и Еврокупот ќе започнат на крајот на месец септември на 24 и 29.