Во Венецуела над 900 лица загинаа во серија силни земјотреси, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по исчезнати лица под урнатините. Најпогодена е сојузната држава Ла Гваира, а властите предупредуваат дека бројот на загинати ќе се зголеми.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на повеќе од 900 лица, додека 3.360 се повредени, покажуваат најновите податоци на властите. Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините, додека семејствата во неизвесност чекаат информации за своите најблиски.
Според Би-Би-Си, два силни земјотреси ја погодија Венецуела во средата, во интервал од само неколку секунди. Вториот потрес, со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, е еден од најсилните што ја погодиле земјата во последниот век.
Aerial footage filmed from a helicopter early Thursday morning shows the scale of damage caused to the Northern Venezuelan coastal cities of Maiquetía and La Guaira, following yesterday’s pair of major earthquakes, which each measured a 7.2 and 7.5 magnitude and struck just to… pic.twitter.com/dwFt58LYsB
— OSINTdefender (@sentdefender) June 25, 2026
Најтешко е погодена сојузната држава Ла Гваира, северно од главниот град Каракас, каде се наоѓаат едно од двете главни пристаништа и меѓународниот аеродром „Симон Боливар“, најголемиот воздушен сообраќаен центар во земјата.
Властите проценуваат дека околу 50.000 лица се водат како исчезнати, а предупредуваат дека бројот на загинати дополнително ќе расте како што продолжуваат спасувачките операции.
Жителката на Ла Гваира, Наташа Дијаз, за Би-Би-Си изјави дека нејзините две ќерки, на возраст од 22 и 23 години, останале затрупани под урнатините на трговски центар каде работеле како педикирки.
„Беа со своите пријателки. Само сакам да ги пронајдат. Верувам и се надевам дека сè уште се таму. Само сакам да ми се вратат. Тие се сè што имам, ве молам“, рекла таа.















