[ВИДЕО] Жена бара вода во скопско кафуле, па им ја краде чашата со бакшиш

Макфакс

27/06/2026

10:15

1.012

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појави снимка од безбедносна камера на која се гледа како жена бара чаша вода на шанкот од едно скопско кафуле, а потоа ја краде чашата во која бил оставен бакшиш.

Според информациите објавени заедно со видеото, настанот се случил вчера околу 18 часот. На снимката се гледа како жената прво бара вода, се разладува мавтајќи со рацете, испива неколку голтки, а потоа ја зема чашата во која вработените собирале бакшиш и си заминува.

Другари, дали некој ја препознава оваа фина девојка што денес ми ја украде чашата со бакшиш од шанк додека чекаше вода. Од 100 до 150 евра има во чашата", стои во описот на видеото кое брзо се прошири на социјалните мрежи.

Сопственикот преку објавата побара помош од граѓаните за идентификација на жената, надевајќи се дека случајот ќе биде расчистен.

Во изминатите месеци ваквите кражби во малопродажни објекти, стануваат сѐ почест феномен.