Синер против Србин ќе ја започне одбраната на пехарот на Вимблдон, можно соочување со Ѓоковиќ…

Дерби

26/06/2026

15:48

199

Големина на фонт

а а а

Првиот светски рекет, Јаник Синер го доби првиот ривал на патот до одбрана на титулата на Вимблдон.

Синер ќе ја има улогата на главен фаворит за пехарот особено затоа што Карлос Алкарас ќе го пропушти и овој турнир, но овој грен слем секогаш е посебен и воопшто не не лесно да се дојде до самиот крај.

Италијанецот ќе тргне против Кецмановиќ од Србија, а ако мине ќе игра против Боржес или Бојер. Синер може да има интересни предизвици од кои оној кој би привлекол најголемо внимание е потенцијалнот полуфинале со Ѓоковиќ.

Ноле започнува со Ву од Кина, додека во втората рунда може да налета на Циципас кој без разлика на тоа што не е во форма има квалитет и знаење.