Фета со нов предизвик, ќе игра за најтрофејниот клуб во Словенија

Дерби

26/06/2026

10:49

180

Големина на фонт

а а а

Македонскиот интернационалец, Бехар Фета имаше извонредна сезона во Алуминиј, тим за кој постигна двоцифрен број на погодоци во првата лига на Словенија, но и тим со кој го освои Купот на оваа земја.

Со овие изданија го привлече вниманието на доста клубови, а од понудите кои ги имаше на маса ја избра онаа на Марибор. Марибор е клуб за кој офанзивецот веќе настапуваше, меѓутоа сега е позрел, поквалитетен и верува дека ќе може да се прикаже во најдобро светло во овој втор мандат во најтрофејниот словенечки клуб.

- Кога стигна понудата од Марибор, не размислував за Европа или за нешто друго. Реков дека сакам само да одам во Марибор. Можеби немав среќа кога првпат пристигнав, дојдов млад, не ја познавав околината. Сега, по три години, го познавам словенечкиот фудбал, лигата подобро и сум многу среќен што се вратив во најголемиот клуб во Словенија, клубот со најмногу навивачи. Тука сум да му помогнам на Марибор.

- Ќе направам сè што е во моја моќ за да бидеме успешни и да ги направам навивачите среќни. Сфаќањето дека Златко Заховиќ се врати во клубот како спортски директор, а Дарко Миланич како тренер, кои го предводеа Марибор до неговите најголеми успеси, исто така влијаеше на мојата одлука. Дојдов со голема желба да бидам дел од овој нов проект и да го дадам својот придонес. Се приклучив на тимот во добра кондиција, бидејќи трениравме со Алуминиј повеќе од десет дена и сега сум целосно фокусиран само на активностите во Марибор, - порача Фета кој доби договор до 2029 година.

Тој ќе го носи дресот со број 99.