Палмер во негов стил: Нема да плачам…

Дерби

26/06/2026

11:24

265

Големина на фонт

а а а

Кол Палмер е еден од значајните играчи кој не се најде на списокот на англиската репрезентација за настап на Светското првенство.

Селекторот Томас Тухел пресечи и одлучи да не го повика Палмер за турнирот во САД, Канада и Мексико, одлука за која допрва ќе видиме дали е исправна, поточно резултатите ќе бидат најдобар показател.

Во меѓувреме Палмер се одмара, ги полни батериите, но и не е лут како некои негови сонародници што не се најдоа на мундијалот.

- Оваа сезона не беше најдобра, но таква е каква што е. Не плачам за одлука што не можеш да ја промениш и се надевам дека момците ќе стигнат до самиот крај. Не се потресувам премногу. Само разговарам со моите пријатели надвор од фудбалот. Тие се нормални луѓе, па тоа ми помага да се чувствувам нормално, да се чувствувам приземјено, - вели Палмер кој призна и дека не ги следи натпреварите.

- Ако не правам ништо, тогаш ќе ги гледам натпреварите, да. Ќе се опуштам ова лето, ќе се одморам за прв пат по три или четири години, пред да се вратам на она што го сакам, - порача ѕвездата на Челси.