Тежок испит за Македонката: Ѓорческа ќе ја предизвика минатогодишната финалистка на Вимблдон

Дерби

26/06/2026

11:59

382

Големина на фонт

а а а

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја доби ривалката за првата рунда на најпрестижниот грен слем турнир Вимблдон.

Лина преку квалификациите дојде до главната фаза, но денешната ждрепка не е беше наклонета и за противник ја доби тенисерката која лани играше на финалето на овој турнир - Аманда Анисимова.

Американката е шеста на ВТА листата, тенисерка која има играно финале и на Ју-Ес Опен, а полуфинале и четвртфинале на Ролан Гарос и Австралија Опен.

На последниот турнир како загревање за Вимблдон загуби од Ива Јовиќ во Лондон со 2-1 во сетови.