Наскоро се отвора мега паркот во Бутел, изградбата е во завршна фаза

Макфакс

25/06/2026

20:20

219

Големина на фонт

а а а

Изградбата на новиот мега парк во Општина Бутел е во завршна фаза и наскоро ќе биде отворен за јавноста како современ зелен простор за одмор, рекреација и дружење.

Изградбата на новиот мега парк во Општина Бутел е во завршна фаза, а наскоро овој зелен простор ќе биде ставен во функција и отворен за граѓаните, соопшти Град Скопје.

Паркот се простира на површина од 8.000 квадратни метри, а според Градот, просторот кој со години бил запуштен и неискористен е трансформиран во современа зелена површина наменета за одмор, рекреација и дружење.

Во рамки на паркот ќе има хортикултурно уредување, пешачки патеки, детски игралишта, фитнес-зони и урбана опрема.

Од Град Скопје велат дека проектот е дел од заложбите за унапредување на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот, а новиот парк наскоро ќе ги отвори своите врати за граѓаните.